Три важни работи за батериите на мобилните телефони
Многу често се случува батеријата на вашиот паметен телефон да откаже во моментот кога и ви е најпотребен вашиот телефон.
Поголем дел од уредите користат приближно 80% од вкупниот капацитет на батеријата. Кога телефонот ви прикажува информација дека батеријата ви е 100% полна, знајте дека тоа не е вистина. Поголемиот дел од уредите се дизајнирани така да батеријата никогаш не ја полнат, односно не ја празнат до крај, затоа што стануваат нестабилни.
Постојат голем број на причини зошто ова не треба да го правите, но безбедноста е една од најважните работи од сите. Батериите се лош квалитет можат одеднаш да престанат со функционирање. Од друга страни, полначите без адекватна заштита можат на вашиот телефон да му испраќаат повеќе енергија отколку што е потребно, што може да доведе до експлозија.
Епл и Гугл се паметни компании и знаат дека, доколку на вашиот паметен телефон апликациите работат без прекин, батеријата многу брзо ќе се троши. Оперативните системи на двете компании се дизајнирани така да автоматски ја исклучуваат секоја апликација која не се користи. Иако Андроид и iOS покажуваат еден куп неодамна користени апликации, тие всушност не работат во позадина. Програмата за неколку минути автоматски се затвора, штом вие започнете да работите нешто друго.