Поевтините смартфони доаѓаат со малициозен софтвер?
Некои од евтините паметни телефони кои се нудат на пазарот во земјите во развој доаѓаат со малициозен софтвер кој е инсталиран уште во старт. Ова го тврди Lookout, една од најпознатите компании која развива безбедносен софтвер за Android.
Според ова тврдење, малициозниот софтвер е наречен DeathRing и доаѓа инсталиран во форма на апликација за симнување на рингтонови, секако нешто што повеќето корисници го сметаат за корисно. Овој софтвер наместо да му овозможи на корисникот симнување на интересни рингтонови, апликацијата е се поврзува со нејзиниот сервер по што може да инсталира и додатни апликации по потреба. Содржината од серверите ја симнува прек SMS или WAP, по што може да собира информации од корисникот.
Бришењето на овој малициозен софтвер моментално не е можно, поради тоа што се наоѓа заедно со системските фајлови од оперативниот систем. Инсталирањето на софтверот се верува дека се случува во некој дел од синџирот на достава на уредите во продажбата.
Уредите во кои што досега е откриен DeathRing софтверот во главно се продаваат во азиските и афричките земји, па моментално оваа информација можеби и не ги засега нашите корисници директно.