На Фејсбук ќе можат да пребаруваат стари објави
Подобрувајќи ја својата функција Фејсбук на корисниците им овозможи да ги пронајдат старите објави.
Доколку сакавте да пронајдете некој стар пост, мораше прво да се присетите каде сте го виделе, па потоа да побарате на профилот на пријателот или да ги прегледате страниците.
Сега опцијата за пребарување е многу полесна.Воведена е поради големото побарување и мислење на корисниците.
Новата опција овозможува брзо и лесно внесување на клучни зборови од објавата, со помош на што е можно да се пронајде. Со оваа опција не се пребаруваат сите објави на Фејсбук, туку само оние кои се споделени со одредениот корисник.
За сега пребарувањето на објавите е достапно само за корисниците во САД на iPhone и десктоп компјутерите, но оваа опција во брзо време ќе ја добијат и останатите корисници.