Фејсбук со изненадување: Фотографиите ќе се подобруваат
Објавено на 19 декември, 2014 во 09:23
Нови изненадувања доаѓаат од најголемата социјална мрежа Фејсбук. Она што сега се најавува е поврзано со фотографиите. Фејсбук сите фотографии автоматски ќе ги подобрува.
Сега додатно ќе се унапредува осветлувањето, сенките и острината на фотографијата која корисниците ја поставуваат. Доколку ваквите промени им се допаѓаат на корисниците и со тоа фотографиите им изгледаат поубави можат да ги задржат, во спротивно да ги отстранат.
Фотографиите кои ги поставуваат корисници на Андроид уреди во иднина би требало да го добијат истиот третман. Овие промени се најавени воглавно поради корисниците кои своите слики ги ставаат преку мобилни телефони, бидејќи таквите фотографии обично имаат лош квалитет на сликата.