Сериозен конкурент на досегашните мобилни телефони
Turing Phone е новиот телефон кој се појави на пазарот и не наликува на ниеден од познатите брендови. Тој е производ на компанијата „Turing Robotic Industries“ од Сан Франциско, која има за цел да ја заостри конкуренцијата на пазарот со уред кој има едноставен изглед и безбеден софтвер.
Направен е од „течен метал“, легура која лесно се обликува, но е многу отпорна и досега се користеше само за мали делови.
„Turing Phone“ вклучува и т.н. „технологија за децентрализирана проверка“ која овозможува уредот да ги препознае другите слични на себе и да ги споделува информациите безбедно, без потреба за проверка на кодот од „трети страни“, како што е случај со „Apple“ и „Google“.
Тоа би било корисно за ограничени доверливи мрежи, исто како оние во помалите компании.
Исто така, телефонот ќе има сензор за отисок на прстите, кој ќе овозможува отклучување на телефонот и магнетен полнач, кој на корисникот му овозможува подолго користење на телефонот.
Инаку, „Turing Phone“ има екран од 5.5 инчи со 1080p, 3 GB RAM и процесор со 2,5 GHz и четири јадра. Задната камера има 13 мегапиксели, додека предната за „селфи“ фотографии е со 8 мегапиксели.
Верзијата од 64 GB би требало да чини 740 долари, кога во август ќе стартува продажбата на овој нов паметен телефон.