Апликации за поголема продуктивност
Постојат многу апликации кои можат да ви дозволат да господарите со вашето време. Но еве неколку за кои се надеваме ќе ви се допадант и ќе ја подобрат вашата продуктивност.
Evernote
Гледајте на Evernote како на плакар во вашиот мозок во кој можете безбедно да ги фрлите сите информации кои ги сретнувате во текот на денот, и кој можете да го отворите кога сакате и да проверите што има во него. Во Evernote може да прикачувате слики, документи, рецепти, видеа, исечоци од веб страници (преку web clipper екстензијата) и се друго на кое можете да помислите. Одличен е исто така и за пишување на текстови и белешки кои автоматски се чуваат на вашиот профил во облакот. На прв поглед Evernote може да делува малку комплициран за употреба, но колку повеќе го користите толку повеќе полза ќе видите од неговото користење (hint: користете тагови). За добар почетен водич, прочитајте го овој напис. Добра алтернатива на Evernote е Trello, која е исто така многу моќна алатка за организација.
Focus Booster
Едноставна апликација за Windows и OS X која се заснова на Помодоро техниката за менаџирање со време, која се заснова на кратки интервали (на пр. 25 минути) во кои интензивно работите на некоја задача. По истекувањето на секој интервал од 25 минути, земате 5 минути пауза, но можете да си играте со времетраењето на интервалите. Комбинирајте со Паретовиот принцип, според кој 20 проценти од нашите активности (и тоа не само во нашата работа, туку во која било животна област – љубов, пријателство итн.) произведуваат 80 проценти од резултатите на тие активности. Одредете кои се тие 20 проценти, и почнете да работите. Поентата е да не трошите време на работи кои не ви носат никаква корист, и не ве прават посреќни.
Wunderlist
Сите сакаме да правиме листи. Некој сака да запишува на хартија, некој на мобилен. Јас ги применувам и двата методи, со повеќе или помалку успех. Сепак, Wunderlist e дефинитивно апликацијата која ја отворам за да направам список на работи кои сакам да ги запамтам. Апликацијата дозволува да ставиш потсетник, да споделиш листа со свој пријател, и да ставиш датум до кога треба да завршиш некоја обврска. Покрај тоа, има многу кул позадини и е визуелно привлечна. Ако сакате листи, и го користите мобилниот за запишување, тогаш морате да ја пробате Wunderlist.
IFTTT
„If This Then That“ е апликација која сака да ви заштеди време на репетитивните задачи кои ги вршите секојдневно на интернет, и да го поедностави начинот на кој го користите мобилниот. Апликацијата ова го прави преку т.н. „рецепти“ кои се засноваат на структурата „ако ова, тогаш тоа“. Примери за рецепти кои можете да ги создадете се следниве: Ако сум дома, тогаш приклучи ме на домашен wi-fi. Ако фаворитнам некој напис на Pocket, прати го во Evernote