Нов модел од Сони без рамка околу екранот
Фотографиите кои протекоа на интернет говорат дека новиот паметен телефон на Sony ќе има прилично модерен и луксузен дизајн, со исклучително мала рамка околу екранот.
Резолуцијата на дисплејот ќе биде 1920х1080 пиксели, што значи дека е уред од средно – високата класа. Дисплејот ќе биде со големина од 5,5 инчи.
Рамката околу дисплејот речиси и скоро како да не постои. Тоа впрочем е и главната одлика на телефонот.
Засега нема информации за тоа кој процесор ќе биде искористен, но моја претпоставка е дека тоа ќе биде Qualcomm Snapdragon 615, кој има осум јадра и прилично добри перформанси за сите услови. Секако, бидејќи се работи за телефон од повисоките класи, не смее да се очекува под 2 GB рам меморија и под 16 GB простор за складирање податоци, со можност и за micro SD картичка.
И предната и задната камера на овој модел на Sony ќе имаат 13 мегапиксел, а ќе имаат и блиц. Ова ќе овозможи фотографиите да се со ист квалитет независно со која камера с енаправени.
Цената засега не е позната, а Sony Xperia C5 Ultra би требал да биде претставен наредниот месец.