Озонот е виновен за непријатноста при летање
Објавено на 18 август, 2015 во 12:20
По долг лет се чувствуваме лошо заради воздухот во авионите, стана јасно од истражувањето, цитирано од списанието “Господин”.
Иако обично ја припишуваме непријатноста на местото на седиштето, недостатокот на добар сон или на временската разлика, причината е сосема друга. Омалаксаноста се должи на концентрацијата на озон во авионскиот воздух – во некои летови таа достигнува повисоки нивоа, поради поголемото присуство на гасот на поголеми височини.
Ова доведува до затнување на носот, иритација на очите и сувост на усните. При подолг лет симптомите се влошуваат, покажува истражувањето.
Извор: Локално.мк