Windows 8 го надмина XP
По бројот на корисници оперативниот систем Windows 8 го надмина XP. Вакви се податоците што ги покажува НЕТ Апликејшн.
Уделот на 13 години стариот оперативен систем во само еден месец е намален од 17,2 на 13,6 проценти.
Истовремено уделот на windows 8 и 8.1 е зголемен на 6,55 отсто, односно 12,1 процент, што претставува раст од 1,85 отсо на вкупно 18,65 проценти. Windows, се уште останува најкорисен оперативен систем во светот со пазарен удел од 53,7 отсто. Со оглед на досегашните податоци, windows 8 речиси сигурно нема да го надмине windows 7, бидејќи наскоро на пазарот се очекува да биде претставен и windows 10.
Windows оперативните системи на глобално ниво бележат мал раст во бројот на корисници во светот на вкупно 91,5 проценти, додека ОС Х и Линукс имаат мало намалување на 7,27 и 1,25 проценти.