Освежете се со вкусен сок од лубеница: Богат извор на витамини

Објавено на 6 јули, 2021 во 14:27

Лубеницата е овошје кое оваа сезона го има во изобилство. Ако веќе сте навикнале да се освежите со сочна лубеница, особено ќе ве воодушеви овој едноставен рецепт за безалкохолен сок со ова вкусно овошје.

За да го подготвите пијалокот, исечете четвртина од лубеницата на помали коцки, ставете ги во блендер и додадете уште две мали лажици шеќер или сируп од агаве, малку сок од лимон и неколку коцки мраз. Измешајте сè и сервирајте во чаши, а остатокот ставете го во фрижидер.

Зошто треба да јадете лубеница почесто?

Ова овошје е богато со витамини Б6, Б1 и Ц, како и со манган, поради што е одличен извор за зајакнување на имунитетот. Покрај тоа, помага во работата на срцето и бубрезите.

Ако сакате да изгубите тежина, консумирајте лубеница. Лубеница со средна големина содржи околу 18 грама хранливи влакна, додека остатокот е вода. Го убива чувството на глад, поради што влегува во групата на „супер храна“. Содржи 30 калории на 100 грама, што ја прави совршена опција ако сакате да се заситите и да не претерувате со внесот на калории.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.