Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Кантарионот е многу ценета билка поради лековитоста по која е познат подолго од два милениуми.

Кантарионот се зема во облик на тоник, чај, масло, тинктура, а во поново време може да се најде и во облик на капсули, кои влијаат на расположението и ја подобруваат емоционалната рамнотежа. Кантарионот е повеќегодишно растение кое расте до еден метар и цвета од мај до септември.

Кантарионот е покажан како исклучително успешен во лечење на многубројните психички заболувања, од депресија до траума, а утврдено е дека има помалку несакани дејства од другите антидепресиви.

Може да се најде по сувите полиња, на сончевите ливади, на пусто и необработено земјиште и на рабовите од шумите. Лековит дел е цветот и листовите кои се користат за лечење на грчеви во стомакот и желудникот, болести на белите дробови, згрутчување на крвта, болести на бубрезите, црниот дроб, слезенката и мочните канали. Посебно се препорачува за лечење на неконтролирано мокрење.

Во народната медицина оваа билка има голема примена во лечење на рани, изгореници и хемороиди. Кожните промени се лечат со мачкање на масло од кантарион, а исклучително е делотворен и за јакнење на косата, како и за опоравување на коса оштетена од фарбање. Лековитоста на кантарионот му ја дава специфичниот состав на различни компоненти танин, етерични масла, смола, антоцијан,  хиперицин, каротен и флавоноиден хетерозид кој му дава карактеристична жолта боја.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново