Со кантарион против депресијата
Кантарионот е многу ценета билка поради лековитоста по која е познат подолго од два милениуми.
Кантарионот се зема во облик на тоник, чај, масло, тинктура, а во поново време може да се најде и во облик на капсули, кои влијаат на расположението и ја подобруваат емоционалната рамнотежа. Кантарионот е повеќегодишно растение кое расте до еден метар и цвета од мај до септември.
Кантарионот е покажан како исклучително успешен во лечење на многубројните психички заболувања, од депресија до траума, а утврдено е дека има помалку несакани дејства од другите антидепресиви.
Може да се најде по сувите полиња, на сончевите ливади, на пусто и необработено земјиште и на рабовите од шумите. Лековит дел е цветот и листовите кои се користат за лечење на грчеви во стомакот и желудникот, болести на белите дробови, згрутчување на крвта, болести на бубрезите, црниот дроб, слезенката и мочните канали. Посебно се препорачува за лечење на неконтролирано мокрење.
Во народната медицина оваа билка има голема примена во лечење на рани, изгореници и хемороиди. Кожните промени се лечат со мачкање на масло од кантарион, а исклучително е делотворен и за јакнење на косата, како и за опоравување на коса оштетена од фарбање. Лековитоста на кантарионот му ја дава специфичниот состав на различни компоненти танин, етерични масла, смола, антоцијан, хиперицин, каротен и флавоноиден хетерозид кој му дава карактеристична жолта боја.