Чување на овошјето во зима во домашни услови

Објавено на 30 ноември, 2012 во 10:36

Квалитетот и должината на времето на чување на овошјето за време на зимскиот период е многу важна мерка.

Кога имаме поголема количина на овошје најдобар начин  да се чува е во ладилник додека малите количини пак се  чуваат во мали простории,чисти и варосани со додавање на 1% син камен во варта. Јаболкото најчесто се остава преку зима во сандаци еден врз друг ,над подот во висина од 10 см. Додека крушите се чуваат во холандези наредени во еден ред но бидејќи тие подлежат на побрзо скапување мора почесто  да се проветрува просторијата. Потребно е плодовите кои се скапани да се тргнат од здравите за да не ги оштетат и нив. Препорачливо е сандаците да се обложат со перфорирана хартија која помага плодовите да не бидат директно во допир со амбалажата и да не се набиваат при допир.

Во есен,проветрувањето обично се врши во вечерните часови за да влезе ладен воздух кој ќе придонесе да се намали температурата а со тоа подолго ќе се зачуваат и самите плодови. Во исто време,потребно е просторијата да се припрскува со вода за влажноста на воздухот да не падне по 80-90%. Кај Златниот делишес кој е со потенка покожица доколку воздухот е посув и ја нема потребната важност плодот испарува и покожицата се набрчкува.

Во зима пак кога температурите се многу ниски,преку ден се проветрува просторијата и тоа кога температурата е над нулата.

Плодовите исто така можат да се чуваат и во пластични кеси од 3-5 кг,во кои се одржува релативната влажност на воздухот и плодовите помалку испаруваат. Плодовите при дишењето го користат кислородот а ослободуваат јаглероден диоксид при што во кесата се намалува кислородот, плодовите помалку  дишат, со тоа се забавува нивното зреење и тие подолго се чуваат.

Исто така подобро се чуваат плодовите со  нивно виткање секој посебно во чиста хартија, пергаментна или мрсна хартија и потоа се ставаат во сандаци или холандези. Со тоа се намалува скапувањето и плодот подолго се чува.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.