Зимски тоник за посилен имунитет

Објавено на 8 октомври, 2014 во 08:02

Одиме полека кон постудените денови,а идеално време е да се направи овој фантастичен тоник за да ги спасите вашето здравје и имунитет.

Потребни состојки

1/3 чаша јаболков оцет

1/3 чаша сок од лимон

1 лажичка чили пиперка

1 лажичка мелен ѓумбир

½ лажиче мелено куркума

малку бибер

1/3 чаша органски суров мед

Сокот од лимон, оцет и зачините, се ставаат во тегла, а потоа додадете го медот за да добиете 2 дл течност. Добро промешајте и чувајте во фрижидер.

Во фрижидер, тоникот може да стои и до неколку недели, се промешува секој пат пред употреба.

Ако ве фати настинка и тешко дишете земете една лажица тоник на секои 15 минути за еден час, а потоа на секој половина час, па на секој час. Лутото од чили пиперките ќе ги исчисти синусите и ќе го отстрани затнувањето, ѓумбирот е многу моќно анти-воспалително средство а  сокот од лимон ќе ве обезбеди со витамин Ц.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.