Алкална диета
Со оваа диета можеме да ги избалансираме последиците кои се предизвикани од големо внесување на протеински, преработени и брзи јадења, премногу внесување на шеќер, кофеин, житарки. Затоа е наменета за луѓе кои се постојано под стрес и кои воопшто или малку јадат базна храна – зеленчук.
Алкална храна: морските алги, кромид, лук, ѓумбир, брокули, компир, пиперка, печурки, карфиол, патлиџан, штаве, морков, целер, суровите пиперки, зелка, рен, грашок, шпанат, домат, зелена салата, краставица, грав, лубеница, тиква.
Не ги броите калориите – Благодарение на алкалната диета ќе исфрлите одреден вид на храна но нема да ги броите калориите, што е и причина што овој режим на исхрана стана популарен.
Јадете повеќе зеленчук – после неколку дена на консумирање на оваа диета ќе почувствувате повеќе енергија, но за да го видите вистинскиот ефект потребно е осум недели да се придржувате на овој режим на исхрана, која подразбира повеќе да јадете зеленчук, што помалку црвено месо, а што повеќе риба, да користете повеќе маслиново масло и наместо пченка да користете просо, да консумирате вода со свежо исцеден сок од лимон.
Кисела храна: јајца, топено сирење, сладолед,пастеризирано и непастеризирано млеко, овошен и обичен јогурт, путер, маргарин, минерална вода, газираните сокови, вино, сите замени за кафе, црн чај, кафе, пиво, фабрички овошен сок, бел леб, тестенини, ориз, мармелад, бомбони, чоколада, сахарин, шеќер, какао, кечап, мајонез, сенф, соја сос, конзервираната храна, сè од микробрановата печка.
Она што е основно за оваа диета е да јадете што повеќе зеленчук, овошје, сурова храна а што помалку црвено месо и фабрички преработени производи полни со адитиви