Копривата како лек и храна
Копривата ја прочистува крвта и ја подобрува крвната слика, благотворно влијае кај вирусни и бактериски инфекции. Го регулира нивото на шеќерот во крвта, помага кај орални инфекции, ревматски болки и артритис, хемороиди, како и болести на кожата и опаѓање на косата. Копривата ја намалува болката во желудникот, го стимулира работењето на жолчката, слезината и панкреасот. Помага при отежнато мокрење, болести на црниот дроб и анемија. За сите овие заболувања добро е да користите чај од коприва.
Чај од коприва
Во зовриена вода ставете една супена лажица коприви, оставете ги неколку минути, па исцедете ја течноста. Пијте по една шолја секој ден превентивно, или како лек. Доколку чајот го земате како лек, пијте барем две шолји дневно.
Ревматски заболувања
Во кадата ставете околу 200 грама листови од коприва и направете топла купка. Купката помага и за лечење на алергии на кожата.
Против опаѓање на косата
Неколку корени од коприва потопете во не многу јака комова ракија. Оставете да отстои 10-15 дена, потоа масирајте го коренот на косата.
Против првут
Во врела вода потопете два грста коприви, оставете да отстои пет минути, исцедете ја течноста и додадете филџан оцет. Со оваа смеса масирајте ја кожата на главата половина час пред капење.
Копривата е многу вкусно растение од кое може да направите вистински специјалитети. Поради својот специфичен вкус, таа е одличен фил за зелник, во комбинација со праз, а може да ја користите и за чорби и супи кои се навистина вкусни и хранливи. Свежа или сува, како чај или храна, копривата е растение кое чудотворно делува врз организмот и секој од нас треба што повеќе да ја користи.