Филџан кафе дневно е добро и за вашиот вид
Пијалак без кој многумина не можат да го замислат својот ден е добар и за здравјето на очите,покажала новата студија. Шоља кафе може да го спречи губењето на видот и евентуално слепило кое настанува како последица на ретинална дегенерација предизвикана со глауком,дијабетес или стареење.
Суровото кафе во просек содржи еден процент кофеин и 7 до 9 отсто хлорогенична киселина,силен антиоксиданс кој ја спречува ретиналната дегенерација кај глувците,покажала студијата на Универзитетот Cornell во New York.
Ретината е тенок слој на ткиво кој се наоѓа на внатрешната површина на задниот дел од окото. Содржи милион клетки чувствителни на светлост и нервни клетки кои примаат организирани визуелни информации. Тоа воедно е и метаболички активно ткиво кое бара високо ниво на кислород,што го прави чувствително на оксидативен стрес. Недостатокот на кислород и производството на слободни радикали доведува до оштетување на ткивото и губење на видот.