Храна која треба да ја избегнувате ако премногу се потите
Научниците се уште не дознале зошто ни се случуваат сите непријатни мириси на телото но за некои има решение…
Дали ви се чини дека некогаш имате проблеми со потењето и непријатните телесни мириси а нема особена причина за тоа? Можеби е проблем во храната која сте ја јаделе.
Алкохол
Освен што има многу лошо влијание на нашето здравје и младешки изглед,алкохолот може да биде заслужен и за непријатните мириси. Кога пиете алкохол,поголемиот дел минува низ црниот дроб но околу десет отсто се исфрла по пат на пот,урина и лош здив и предизвикува зголемено потење.
Кромид
Многу е здрав и идеален за вадење на настинката,но кога ќе го изедете како да неговиот мирис излегува од сите делови на телото.
Месо
Една студија во Прага покажала дека оние кои не јадат месо често имаат помалку проблеми со непријатните телесни мириси отколку луѓето кои јадат месо.
Цвекло,спанаќ …
Производите полни со метил,како што се спанаќ,цвекло и производи од соја,отпуштаат триметиламин кој се излачува и има не многу пријатен мирис.