Производи кои го забрзуваат слабеењето
Здравата исхрана не е доволна за губење на килограмите. Физичката активност е неопходна а во комбианција со правилна исхрана ќе донесе најдобри резултати.
Но некои производи навистина ќе ви помогнат побрзо да ги зигубите килограмите. Ви откриваме кои се тие.
Лосос- Редовната консумација на лосос навистина може да ви помогне побрзо да се ослободите од наслагите на стомакот. Лососот го активира хормонот на штитната жлезда за побрз метаболизам,додека омега 3 масните киселини помагаат во губење на масните наслаги.
Кокосово масло – богато е со средно верижни триглецириди кои се познати како MCTs. Нив нашето тело ги користи за енергија,оставајќи помала веројатност да се таложат како масти. Ако сакате да се ослободите од амсните наслаги,кокосовото масло користете го за готвење.
Цимет – На многумина омилениот зачин богат е со диететски влакна а помага и во подобро искористување на инсулинот. Циметот можете да го користите како додаток на јадењата или дневно да се изеде четвртина лажиче цимет.
Кафе – Кафето го поттикнува лачењето на адреналин,со што на телото се испраќапорака дека согоруваат масните наслаги. Ако кафето го пиете 20 минути пред тренинг тоа ќе делува како стимуланс кој овозможува да тренирате поинтензивно. Со кафето не претерувајте,пијте го без млеко и со што помалку шеќер.