Сончаница и премаленост од жештина
Објавено на 21 мај, 2015 во 09:45
Ако подолго време се престојува на сонце или топло, може да се појават следниве симптоми:
За СОНЧАНИЦА:
-Телесна температура над 40 степени
-зацрвенета, сува кожа, жешка кожа
-Собрани зеници
-Збунетост
-Забрзан пулс
-Напади
-Несвестица
Разладување на повредениот. Веднаш сместете го повредениот на некое постудено место. Ставајте му на челото и телото студени, влажни крпи или завиткајте го во влажни чаршафи или крпи за бришење. Ладете го со електричен вентилатор, со фен за испуштање студен воздух или со рака.
Немојте да го триете повредениот со алкохол, и не му давајте ништо за јадење и пиење, додека да го однесете на лекар.