Зошто се важни јајцата во исхраната?
Белката на јајцето е составена од околу 85-90% вода,10-12% белковини и под 1% јаглехидрати, масти и минерали. Во белката нема холестерол.
Половината од составот на жолчката е вода. Во жолчката се содржат и витамините А, Д и Е. За разлика од белката, во жолчката од јајцето има холестерол. Околу 2% од жолчката е холестерол, но тој не е толку опасен како што се сметаше некогаш. Најновите истражувања покажуваат дека консумирањето на едно јајце дневно од здрав возрасен човек не го зголемува ризикот од срцеви заболувања.
Јајцата се богати со холин. Холинот има силна улога во развојот на мозокот и неговото функционирање. Тој е особено важен за бремените жени затоа што е потребен за развиток на мозокот на фетусот.
Јајцата се важен извор на протеини. Протеините се потребни за создавање и обновување на клетките во организмот.
Во составот на протеините влегуваат 20 различни аминокиселини. Од нив 9 есенцијални аминокиселини не можат да бидат создадени во телото и треба да се внесуваат преку исхраната. Јајцата се вбројуваат во малкуте храни кои што ги содржат овие девет аминокиселини. Жолчката на јајцето содржи лутеин и зеаксантин. Овие два антиоксиданси, од групата на каротеноидите, придонесуваат за подобрување на здравјето на очите и ги заштитуваат од ултравиолетовите зраци.