Глуварче – лековита храна од природата
За глуварчето се вели дека е вистинска пролетна салата од природата, која го закрепнува организмот после долгата зима. Во народната медицина се користи коренот, листот, цветот и целата билка со корен, но се користи и во исхраната.
Лековитоста на глуварчето е голема. Го стимулира апетитот и го регулира метаболизмот на масти во организмот. Во народната медицина се применува кај таканареченото пролетно чистење на крвта.
Пожелно е да се користи салата од листовите од глуварчето, но само пред цутењето на билката. Како и сите други горчливи лековити билки, глуварчето, а посебно неговиот корен, поволно влијае на подобрување на апетитот и варењето на храната.
Сок од глуварче
Најлековит и најделотворен е сежо исцедениот сок, кој се препорачува против стомачните тегоби и за лекување на хемороиди. Се цедат листовите и ситно исечканиот корен.
Во чаша млеко турете две до три лажици од сокот, додадете лажица мед и пијте секое утро на празен стомак дваесет дена.
Сируп од глуварче
Сирупот од глуварче има вкус на мед, а влијае на зајакнењето на организмот, чистење на крвта и подобро варење.
Се подготвува од три-четири шолји цвет на глуварче, две литри вода и сок од два лимони. Цветовите треба да се сварат во водата, да се исцедат, а потоа во сокот додадете мед и сок од лимон
Сокот варете го на тивок оган, постојано мешајќи, додека не се создаде шуруп. Турете го шурупот во шишињата и затворете ги. Се консумира така што се зема по една супена лажица, два до три пати во текот на денот.
Чај од глуварче
Се подготвува од две лажици суви листови, цветови и ситно исечканиот корен од глуварче. Ова смеса додадете ја во една шолја зовриена вода, поклопете ја,и после дваесет минути исцедете и додадете лажица мед.
Се пијат две до три шолји чај во текот на денот во случај на отежнато измокрување, собирање на непотребната течност и подобрување на целокупното разменување материи во организмот.