Направете домашен битер-лемон
Објавено на 9 јули, 2015 во 09:09
Нема ништо што може да ви даде попријатно чувство и да ви го задоволи организмот од лимонот. Покрај тоа, здрав е, полн со витамин Ц, а во комбинација со сода бикарбона има и низа други лековите својства.
Потребни состојки:
2 l обична вода
½ kg лимони
1 грејпфрут
1 kg шеќер
6 кесички лимонтус
малку сода бикарбона
½ чаша минерална вода
Подготовка:
Лимонот и грејпфрутот добро измијте ги и оставете ги потпоени во раствор од сода бикарбона да отстојат 24 часа. Извадете ги и исплакнете ги, па сомелете ги во соковник и процедете ги низ газа. На тоа додајте 2 l вода, шеќерот и лимонтусот. Мешајте додека не се разложат. Сирупот сипете го во чаши и додајте малку минерална вода.