За поетот Љупчо Михајловски амбасадорско назначување за мир и од Нигерија
Светскиот Институт за мир со седиште во градот Абуџа во Нигерија го постави велешанецот Љупчо Михајловски за Амбасадор на мирот во Македонија. Така пишува на Сертификатот што деновиве стигна на домашната адреса на Михајловски кој всушност покажува дека овој светски институт го следи творештвото и мисијата на на овој велешанец и затоа токму него го избрала за свој Амбасадор.
– Тоа е начин преку кој Институтот за мир од Нигерија ми покажува дека го следи моето творештво што се шири низ целиот свет. Ми причинува задоволство затоа што ова е втора светска институција која покажува интерес за тоа што јас го работам. Да повторам прв пат за Амбасадор на мир ме прогласија Обединетите умови за мировно општество од Индија, во 2009 година, но не само за Македонија туку пошироко за Европа. Да не пропуштам да кажам дека со исто звање ме почести и Светската лига на поети, рече Михајловски.
Во досегашната негова мировна мисија преку поезијата Михајловски е секогаш идентификуван како Македонец а земјата во која тој е роден се пишува како Република Македонија./У.Ј