Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Со настапот на балетскиот соста „Анабела“ и поетскиот перформанс на поети од Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, утре 4 мај, напладне, започнуваат програмските содржини на одбележувањето на патрониот празник на градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес.

Во понеделник, на 7 мај, напладне во просториите на библиотеката ќе бидат доделени благодарници на најдобрите читатели и соработници како и на најдобриот автор претставен во општинската културна установа .

Попладнето со почеток во 18 часот, проф.д-р Васил Тоциновски и м-р Игор Крајчев, директор на градската библиотека „Гоце делчев“ ќе го промовираат списанието „Велес“.

Сите настани кои ги содржи годинешната програма за одбележување на патрониот празник на градската библиотека ќе се одржат во малата сала поточно во медиотеката./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново