Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

bilazora1 fin

Во Археолошкиот локалитет „Била Зора“ кој е единствен локалитет во државата, бидејќи ја претставува пајонската култура и во него нема римско влијание, му треба итна помош. Археолозите кои во него открија основи, поточно темели, на Владетелска палата во чија внатрешност има фрески, боен малтер или внатрешна фасада на отворените објекти, бараат начин и можност како да ја продолжат истражувачката работа и да обезбедат финансиски средства. Тие првично со помош од министерството за клутура, Заводот за заштита на културни споменици и Завод Музеј од Штип подготвија проект за конзервација и заштита на Владетелската палата па сега е многу значајно поради екстремните надворешни влијанија и материјалот од кои што е изградена брзо да се разградува.

- Поради тоа сите истражувања на Владетелската палата се запрани а превентивно е заштитена со поставени кровни конструкции врз најосетливите елементи, како времени решенија и е обрнато внимание да не се создаде стаклена градина со тоа што е обезбедена циркулација на воздух. Фреските се наоѓаат во внатрешноста на палатата која е дел од локалитетот распослан на вкупна површина од 32 хектари. Во комплексот постои Акропол и населби во и надвор од него значи зборуваме за простор на кои некогаш имало живот, внатре и надвор од палатата, рече Александар Данев директор на Народен Музеј во Свети Николе.

Локалитетот е значаен поради тоа што, до неодамна, за него постоеја само пишани докази. Сега се откриваат материјалните докази кои што треба да ја потврдат уникатноста и значајноста.

direktorDanev fin

-На локалитетот интензивно се работи од 2008 година. Претходно беше откриен резервоарот што исто така е единствен затоа што се користел за ритуали имајќи во предвид дека водата секогаш предизвикувала почит затоа што дава живот. Резервоарот е многу добро изграден и за него ќе се работи конзерваторски проект со што ќе се реставрира и конзервира. На самиот почеток на археолошките работи ги откривме улицата со Пропилонот, со зачувани основи на западна кула и дел од основа на источна кула потоа бедемот и различни објекти од различни периоди и фази. Кога се откри западната Кула исто така беа откриени многу интересни триглифи како и метеопа со триглиф што ни даде индиција дека во другите делови на Акрополот постои објект, храм. Со дополнителни сонди и дозвола за истражување беа откриени елементите инситу паднати од храм што со дополнителна работа во секторот шест ја откривме Владетелската палата, додаде Данев.

BilazoraKralskapalata fin

Сега од археолошка гледна точка многу е потребно да се заштити, конзервира и реставрира, се што е откриено и е многу значајно. Потоа ќе треба да следи јавната презентација со ставање во туристичката понуда на државата затоа што не само за македонското туку е значајно и за севкупното светско културно наследство. Така ќе може да се најдат заинтересирани партнери, дома и во странство, подготвени да споделат искуства и со употреба на најнови неинвазивни методи да се подготви проект што ќе послужи за истражување и на останатите делови на локалитетот.

Тоа е особено важно за заштитата и реставрирањето за неповратно да не се изгубат откриените работи.

Она што е карактиеристично е што дел од Била Зора, елементи од архитектурата, делкани камења се вградени во основите на куќите селото Кнежје бидејќи нивите подлежеле на експропријација. Археолошките откритија впрочем имаат распон од II до VII век п.н.в.

Bilazorasektor6 fin

Била Зора се наоѓа на 4 км од Свети Николе и до археолошкиот локалитет води асфалтен пат. Досегашните истражувања се реализирани со финансиска помош вредна 200.000 евра на Министерството за култура, Управата за заштита на културно наследство и од Фондацијата за археолошки истражувања од Тексас во САД. Сега најмалку се потребни уште 100 илјади евра за потребната заштита и реставрација на откриените делови на локалитетот./У.Ј

 

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.