Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

stripucilste1

Започна дводневното стрип училиште „ Стрипот во интеркултурна едукативна мисија“ во средношколскиот интернат „Лазар Лазаревски“, денеска, вторник 25 јуни, кое за цел го има развојот на интеркултурноста како и деметрополизацијата на културата во Република Северна Македонија како дел од основните заложби на Националната стратегија за развој на културата 2018-2022, што се остварува преку едукативни стрип активности наменети за млади од разни етнички колективитети од Куманово, Кавадарци и Велес.

Четиринаесетте млади таленти творат стрипови на разни теми ,коишто го засегаат секој млад човек без оглед на етничката припадност , но некои од подоготвените стрипови задираат и во теми како што се :дискриминација,човекови права и сл.

stripucilishte2

Станува збор за логично продолжение на циклусот на вакви сродни активности досега организирани од Македонскиот стрип центар, со финансиска поддршка од разни донатори. По завршувањето на интеретничкото училиште ќе следи организирање на изложби во Велес, Кавадарци и Куманово. Стрип центарот на Македонија - Велес заедно со локалните партнери „Живот“ од Куманово , Советот за превентива против малолетничка деликвенција од Кавадарци и ООУ „Васил Главинов “ Велес сметаат дека стрип училиштето треба да прерасне во традиционално и да вклучи таленти од повеќе градови во државата.

Според организаторите голема е потребата од организирање на разни форми на едукација на млади стрип таленти од земјава. Во соседни држави, со финансиски помошти од тамошните влади, стрип уметноста се стимулира и сериозно се изучува на ликовни академии. Во Хрватска стрипот се изучува факултативно, а на академија во Софија се изучува во два семестри, во групата за дизајн и илустрација.

stripuchiliste3

Стрипот во Македонија не се изучува како посебен предмет во базичното образование, ни во средното уметничко „Лазар Личеноски“, ниту на Академија

Интеретничко дводневно стрип училиште во Велес се организира со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија – одделение за интердисциплинарни дејности./У.Ј

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново