„Танцфест“ во Велес
Четири танцови претстави ќе имаат можност да проследат граѓаните на Велес на сцената на театар Џинот во рамки на годинешното издание на „Танцфест“. На 09 април со почеток во 20 часот прв на сцената ќе настапи Скопје танцов театар со претставата „Стапнувајќи на земја“. По три дена на 12 април ќе биде изведена една од најекслузивните претстави за годинава „Боите на танцот“ на Државната опера и балет од Измир, Турција. На сцената на велешки театар на 19 април ќе настапи „Ruolite Dance Company“ со претставата „Strates“ од Париз, Франција. Танцфест во Велес се заокружува на 21 април со претставата „Волшебен свет“ во изведба на Скопје танцов театар.
„Наша цел како тетатар беше да им овозможиме на нашите гледачи програмска содржина која што го промовира и афирмира танцот , не само современиот туку и класичните форми на танц . Во таа насока направивме соработка не само со Танцфест како фестивал туку и со националната институција МОБ. Ја сискрено сум задоволен со нашата соработка со „Танцфест“, од инетерсот на нашата публика што го пројави за современите форми на танцот . Очекувам годинава уште поголем интерес од лани“, рече уметничкиот директор на театар Џинот, Васил Зафирчев.
Покрај редовниот репертоар, театарот нуди уште два интересни настани. На 15 април со почеток во 20 часот, ќе настапат неколку музички хорски групи, а за 22 месецов е предвиден уште еден настап на националниот за народни песни и игри „Танец“./Д.С