„Велешки поетски пулсирања“ – нов перформанс на театарската трупа „Словото“ (ФОТО)
Поетски перформанс посветен на актуелни велешки поети изведоа членовите на театарската трупа „Словото“ во Велес. Ученици од основни училишта за едно со членовите на балетската група „Црни мачиња“ направија спој на неколку уметности поточно рецитираа стихови на поети, танцуваа и ја воодушевија публиката. Авторката на перформансот, актерката и режисерка,Весна Димитровска Бобевски вели дека групата актери аматери е составена од нови деца но со голем ентузијазам и желба да реализираат едно интересно уметничко дело.
– Овој перформанс е спој на неколку уметности. На убавиот пишан збор на нашите роднокрајни поети кои во една прилика се пожалија дека нивната поезија не е застапена во градот. Па токму затоа решив да направам една ваква претстава. Публиката прво ја внесуваме во перформансот преку пишаниот збор, македонски и велешки. Потоа, сценски и користејќи ги театарските форми монолог и дијалог, ја однесеме до едно диво племе во Африка, нешто што може да се доживее само во американските филмови за на крај да изведеме повеќе кореографии, една и со чадори,и да се вратиме во реалното време преку прелетот низ разни времиња и разни предели, рече Димитова Бобевски.
Во овој уметнички перформанс настапуваат членовите на театарската трупа „Словото“ како Марија Панзова, Кире Ацевски, Наталија Далевска, Евгенија Миовска, Надица Камчева, Тамара Мишевска, Магдалена Арсовска, Анастасија Рогужарова, Никола Циунов, Филип Јованов, Ангела Костадиновска, Елена Момировска, Марија Недева, Симона Мицева, Теона Петрова, Викторија Хаџиева, Благица Панова, Лазе Чаушовски, Вероника Гијовска, Амина Малагиќ, Амра Малагиќ, Анастасија Давчева и Ивор Гелев. Тие говореа стихови на велешките поети Нада Алексоска, Веле Алексоски, Лила Арсова, Игор Крајчев, Соња Гаврилова, Марина Манчева Стојановска, Гордана Б. Николовска, Божидар Јовиќ, Трајанка Тодоров, Павлина Климкар Меанџиева, Јасмина Ѓоргиева, Ирена Христова, Славјанка Љуткова, Родна Јанчева, Ангела Тасевска, Васил Тоциновски, Димитри Соле Љубин и на афоризматичарот Атанас Крлевски.
Сега режисерката Димитова Бобевски и младите актери на трупата планираат уште неколку изведби на перформансот најверојатно на пролет, вгодина. /У.Ј