Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Сцена на оружена битка, во која две униформирани лица загинаа, се снимаше на падините кај селото Поменово во општина Чашка. Таа е само една од планираните десеттици сцени што ќе се снимаат во Македонија на филмот „Здивот на ангелот“ на сценаристот и режисер Јани Бојаџи.

Режисерот на филмот Јани Бојаџи

Филмот третира современа тема. Дејството се случува во денешно време, во Македонија, Грција и Франција, но краток дел од филмот не враќа во 2001 година и периодот на вооружениот конфликт во Македонија. Главниот лик во филмот го игра актерот и режисер Младен Крстевски. Тој е и асистент на режија.

- Филмот зборува за еден новинар, кого група луѓе го тероризира. Но, не би било фер да ви откријам повеќе, ќе го видите на платно, па тогаш ќе зборуваме. Инаку, очекувам ова да биде еден од подобрите македонски филмови. Овој предел е мојот омилен за снимање филмови. Ова е моето филмско студио на отворено. Сите филмови што сум ги режирал, ги снимив во оваа околина. Му ја предложив и на режисерот Бојаџи, кога разговаравме за тоа каде да ги снимиме овие сцени. Дојдовме тука, го виде и му се допадна. Навистина, овој простор е раритетен. Мислам дека и Америкаците би ни позавиделе кога би ја виделе оваа „неубава убавина“ за снимање филмови, рече Младен Крстевски.

Aктерот Мето Јовановски на сет на снимањето на филмот во Поменово

Во филмот „Здивот на ангелот“ актерската екипа е интернационална. Главните улоги ги толкуваат македонските актери Младен Крстевски, Мето Јовановски,Јоана Попоска и Љупчо Тодоровски Упа заедно со споредните во кои се појавуваат француската актерка Јана Клеин Рајнер и грчката актерка Јана Пилиу.

Автентичноста на напуштеното село Поменово со полуурнати куќи, каде може да се почувствуваат недопрената природа под пеколно сонце е одлична сценографија за филм. Таму, деновиве се снимаа атрактивни сцени на борби со оружје, во кои беше вклучено и хеликоптерско снимање. Актерите се добро мотивирани. Тие посветено, по неколку пати ги повторуваа сцените.

- Уживаме на снимањето, се забавуваме многу. Малку е жешко, но ќе издржиме. Во филмот јас играм командант на една воена формација, па затоа сум и вака „вооружен“. Едвај чекам да го видам филмот на големото платно, верувам дека ќе биде одличен, оти имаме одлична екипа, од актери до реквизитери, рече актерот Роберт Ристов.

Актерите и дел од екипата на сет во Поменово

По селото Поменово, предвидено е снимањето на филмот „Здивот на ангелот“ да продолжи уште на неколку локации во Грција, во Франција во Париз - Франција, па потоа во Скопје. Агенцијата за филм на Македонија го поддржа со околу 300 илјади евра. Продуцент на филмот е „Орион продакшн“. Премиерата на филмот „Здивот на ангелот“ се најавува за следната пролет./У.Ј

Поврзани вести

 

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Mагационер
Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство
  • Возачка дозвола „В“ - категорија
  • Познавање на англиски јазик и поседување на сертификат за управување со виљушкар ќе се смета за предност
  • Вработувањето е на определено време, со можност за трансформација на неопределено време.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес с. Долно Оризари бб, Велес 1400 задолжително со назнака за Магационер, најдоцна до 15/11/2017 година.

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/11/2017 година.

Најново