Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Ктитор облечен во раскошна одежда кој во рака ја држи црквата „Свети Димитрија“ во истоимениот манастирски комплекс што се наоѓа на јужниот излез од Велес е фреската што при конзервацијата ја открија конзерваторите на Националниот конзерваторски центар. Таа потврдува дека станува збор за живопис од крајот на 13 век и почетокот на 14 век што значи дека црквата е стара повеќе од седум века. Конзерваторот Владо Муковски и советникот конзерватор Момчило Трајковски велат дека има уште интересни фрески во внатрешноста на малата црква.

- Ние направивме истражувачки сонди и дојдовме до сознание дека под него има стар живопис. Овој живопис е од крајот на 13 век и почетокот на 14 век . Пронајден е и ктиторски натпис што е многу оштетен. По правило тој треба да ги содржи сите информации кој е ктиторот, во која година е изградена, кому е посветена, рече Муковски.

Фрескоживописите се наоѓаат на ѕидовите во влезниот дел на малата црква. Првиот е на ѕидот од десната страна, додека вториот со податоците за ктиторот над влезната врата. Веднаш под него има и фреска со сцени за кои конзерваторите Муковски и Трајковски велат дека најверојатно се сцени од страшниот суд. Тие претходно, во првичниот слој на ѕидовите откриле и фрескоживопис кој потекнува од 19 век што го извадиле и го сочувале. Сега само треба да се стави на нов носач. 

- Но бидејќи министерството за култура овој проект го поддржува со минимални средства ние ќе работиме само петнаесет дена и засега толку, додаде Трајковски.

Според двајцата конзерватори проектот треба да продолжи поради нивните сомнежи дека во ѕидовите на црквата „Свети Димитрија“ можат да се откријат и други фрески кои ќе одгатнат повеќе клучни прашања од преданијата што досега се пренесуваат како за тоа кога точно е изградена црквата така и за ктиторот, за тоа дали навистина за време на владеењето на Османлиското царство била закопана од страна на жителите на стар Велес па и други важни податоци за неа.

Инаку црквата „Свети Димитрија“ е препокриена, заедно со камбааната, сменети се трулите дрвени греди што се наоѓаат под ѕвоното при што сочуван е автентичниот изглед. Сега доколку министерството за култура одобри пари тогаш ќе можат да продолжат конзерваторските работи во внатрешноста на црквата./У.Ј

 

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново

 
   
   
   
   

rontis

 

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2018 година .

 

rontis

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Mагационер

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство
  • Познавање на англиски јазик, Возачка дозвола „В“ - категорија

  и поседување на сертификат за управување со виљушкар ќе се смета за предност

  • Вработувањето е на определено време, со можност за трансформација на неопределено време.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  infomk@rontis.com  или на адреса:                              ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Магационер, најдоцна до 30/11/2018 година.

 

rontis

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија – Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2018 година.