Новогодишно божикен концерт на пијанистите Штерјов од Македонија и Думонт од Белгија во Велес
Објавено на 6 јануари, 2018 во 00:17
Пијанистите Петре Штерјов од Велес, Македонија и Бенџамин Думонт од Белгија одржаа целовечерен концерт пред велешките вљубеници во класичната музика. Концертот се одржа во општинската сала „Бели Мугри“.
Пред едночасовното концертирање на двајцата велемајстори на клавир настапи и Љубица Малинова ,дванаесет годишната ученичка во VII одделение на ООМУ „Стефан Гајдов“ , во класата на проф. Габриела Бачманова. Малинова ја изведе композцијата „Rondo ala Turka“ од W.A. Mozzart.
Потоа на клавирот на сцената следеше настапот на двајцата млади виртуози чие концертирање во повеќе наврати беше наградувано со громогласни аплаузи на публиката.
Ова е прв Новогодишно божиќен концерт на класична музика што го организираа Општина Велес и Ротари клуб Велес./У.Ј