Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Во среда, на 14 февруари, во фоајето на Театарот „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес, со почеток во 20 часот ќе се одржи „Вечер со поезијата на Игор Крајчев“.

Модератор на поетската вечер ќе биде писателот и драматург Сашо Димоски, а избор од поезијата на Крајчев ќе читаат актерите Фаик Мефаилоски и Жарко Спасовски.

Циклусот поетски вечери е нова програмска активност на Велешкиот театар посветена на афирмација и промоција на поезијата на поети по потекло од Велес. Во рамките на циклусот досега се одржаа вечерите со поезијата на Катица Ќулафкова, Ристо Јачев и Павлина Климкар Меанџиева.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново