Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

kvadricikl fin

Мало теренско возило квадрицикл доби Националната установа „Стоби”, за потребите на вработените донирано од Фондацијата „Балканско наследство”. На античкиот локалитет интензивно се работи. Летните школи се во тек. Осумнаесет студенти од повеќе земји ископуваат и во викенд имаат екскурзии.

-Соработуваме со нив и заеднички организираме меѓународни летни школи за археологија и конзервација, на кои доаѓаат студенти од целиот свет. Ова мало теренско возило е за наши потреби бидејќи досега за завршување на некои обврски сме губеле доста време. Не е исклучена можноста во иднина да се користи и од туристи, ако има интерес за такво нешто, рече Мишко Тутковски, в.д директор.

Фондацијата „Балканско наследство” во изминатите осум години има реализирано и други донации во овој локалитет, како археолошки ископувања, конзервација на мозаици, мебел, фотоапарати и слично.

 

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново