Пијанистот Штерјов концертираше пред велешани
Објавено на 7 септември, 2016 во 07:37
Делата на Бах, Бетовен, Шопен, Рахмањинов и Зографски ги изведе пред велешани пијанистот Петре Штерјов. Солистичкиот концерт се одржа во просториите на детската градинка „Димче Мирчев“. Љубителите на класичната музика еден час уживаа во концертирањето на својот сограѓанин. На несекојдневниот настан во градот присуствуваше и сопругата на македонскиот композитор Томислав Зографски, Панда Зографска Беличанец.
Концертот на Штерјов беше поддржан од Министерството за култура.
Пијанистот Штерјов дипломец е на ФМУ во Скопје на одделот музичка теорија и педагогија со хорско диригирање и дипломец по пијано на Универзитетот „ГоцеДелчев“ во Штип. /У.Ј