Уличен фестивал „Баскерфест” ,по петти пат викендов, во Велес
На старата локација но со нови содржини, поразлични од изминатите години, уличниот фестивал „Баскерфест” викендов ќе ги очекува велешани. Во Младински парк, во петок 23 и во сабота на 24 јуни, фестивалот со уникатен концепт и нова, поинаква понуда на публиката ќе и понуди улични артисти и музика во живо. Програмата на фестивалот изобилува со претстави, пантомима перформанси, улични танчери, креативни активности – вистински сплет на културни, забавни и уметнички содржини.
Целта на фестивалот е да им приреди на сите посетители несекојдневна забава.
– „Баскерфест” е огромен забавен парк за иновации и креативност, во кој сите се добредојдени да се придружат. Присуството на фестивалот е бесплатно за сите посетители! Уличните фестивали се значајна културна атракција во многу земји, а благодарение на „Баскерфест”, на оваа листа се вклучува и Македонија со првиот меѓународен и мултикултурен уличен фестивал кај нас, признат како најголем настан од ваков вид во регионот, соопштија од општина Велес.
Се што е предвидено во програмата на „Баскерфест” во Велес ќе се случува во доцните попладневни и вечерни часови во претстојниот викенд./У.Ј