Традиционално одржан вокално – инструменталниот фестивал „Лира“ во Неготино
21.11.2020
Во просториите на Центарот за култура Ацо Ѓорчев – Неготино, вчера традиционално како и секоја година се одржа вокално – инструменталниот фестивал „Лира“. Манифестацијата се одржа во организација на Центар за култура Ацо Ѓорчев – Неготино и пеачката група при КУД „Јане Сандански“ која што работи во склоп на Центарот за култура.
Целиот настан е проект кој е одобрен и се одржува под покровителство на Министерството за Култура.
Оваа година гости на фестивалот беа членовите на пеачката и инструментална група „АТМИ Митко Алексов“ од Кочани.
Концертот започна со звуци на убавата езгија на кавалот, а канонот и тапанот само ја надополнија репертоарската содржина. На фестивалот можеа да се слушнат песни и да се видат ора од повеќе етнички предели на државата.
Во услови на пандемија, бројот на посетители на настанот оваа година беше ограничен на само 50 лица, а беа почитувани и сите здравствени мерки и препораки за заштита од вирусот Ковид – 19.
Мите Јаначков