Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Со вкупно 5,4 милиони евра од Европската Унија се реновирани десетте железнички станици во Македонија, по линија на Паневропскиот коридор 10 и кракот 10-д. Од нив 2,5 милиони евра чини реконструкцијата на скопската а останатите пари на даночните обврзници на земјите членки на Европската Унија завршија во обнова на останатите девет железнички станици во државата. Тоа е само една петина од вкупно 250 милиони евра што ЕУ ги вложи во подобрување на транспортот во Македонија со цел да ги подобри потребите на патниците и да помогне во економскот развој на земјата, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар.

- Добрата вест е дека Европската Унија ќе продолжи да инвестира во слични транспортни проекти и во иднина.Во подобрување на железницата и во транспортот затоа што гледаме дека железницата се повеќе се користи како средство за транспорт на иднината. Тоа е најчистиот и најисплатливиот начин на транспорт па затоа ќе можеме да видиме многу вакви инвестиции во вашата земја во иднина, рече евроамбасадорот Жбогар.

Земјите членки на унијата во двата пакети од 2007 до 2020 година во Македонија донирале една милијарда и 200 милиони евра. Вицепремиерот Бујар Османи се заблагодари на даночните обврзници и на земјите донатори додека вицепремиерот Кочо Анѓушев соопшти дека следува изградбата на две нови делници на железнички пруги и еден пат.

- Идејата на ЕУ е поголема од формата што ја има таа. Таа идеја е поврзување на луѓето, на државите во еден систем на вредности, рече вицепремерот Османи.

- Тоа за нас како Влада е предизвик тие проекти квалитетно да ги реализираме и средствата правилно да ги искористиме. Морам да кажам дека како Влада имаме двојно зголемена одговорност. Прво кон граѓаните на Македонија кои се даночни обврзници и во исто време кон граѓаните од земјите на ЕУ кои како даночни обврзници ни ги подариле сретствата, рече вицепремиерот Анѓушев.

Според Анѓушев, во делот на железничката инфраструктура и во двете делници што ќе се градат од Бељаковце до Крива Паланка и од Крива Паланка до бугарска граница ЕУ даде грант од 130 милиони евра. Втората фаза од железничката пруга од Куманово до граница со Србија чини 147 милиони евра од кои 70 милиони евра се грант. И третата фаза од проектот, кој чини 350 милиони евра, од Крива Паланка до бугарска граница бидејќи е исклучително тежок и скап поради тоа што има над 30 тунели што треба да се пробијат за кои е добиен грант од 60 милиони евра./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има
потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/04/2019 година.