Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

OJOGevgelija fin

Жител на Чашка е под истрага бидејќи пред два дена пијан се обидел да силува жена од селото Негорци, чија ќерка сакал да ја земе за жена. Тој и физички ја нападнал жената, а соседите успеале да ја одбранат.

„Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе истражна постапка против лице осомничено дека се обидело да стори кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Осомничениот жител на селото Мелница, општина Чашка, на 12 јануари со употреба на сила се обидел да присили на обљуба една жена од селото Негорци. Откако самиот се довел во состојба на пијанство со 1,66 грам промили алкохол во крвта, тој отишол во домот на оштетената и започнал разговор со неа дека сака да ја земе за жена нејзината ќерка. Оштетената го одбила, по што тој ја нападнал, обидувајќи се да ја соблече и да ја принуди на обљуба. Оштетената се бранела, пробувајќи да го оттурне и да повика помош, но осомничениот ја совладал, удирајќи ја и нанесувајќи и повреди на главата и телото. Повиците за помош на оштетената ги слушнале двајца соседи кои дотрчале и му се заканиле на осомничениот дека ќе повикаат полиција, по што тој избегал.

Осомничениот претходно е осудуван за повеќе кривични дела, меѓу кои и за кривичното дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, а кое претставува истородно кривично дело со она за кое се гони во конкретниот случај. Имајќи го предвид тој факт, како и ценејќи ги сите други околности кои упатуваат на стравот дека осомничениот би можел да го повтори или да го доврши обиденото кривично дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Гевгелија достави Предлог за определување мерка притвор, се наведува во соопштението на обвинителството./У.Ј

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

 
   
   
   
   

Најново