Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Поранешниот градоначалник на Демир Капија, Трајче Димитриев заработи кривична пријава од СВР Велес поради злоупотреба на службената положба и овластување.

Како што информираа од МВР, на 29 септември 2017 година пријавениот, како градоначалник на Демир Капија, за време на предизборна кампања за Локални избори 2017 година, спротивно на одредбите од Изборен законик, донел решение со кое ја одобрил нелегалната одлука на советот на Општина Демир Капија, за одобрување на финансиски средства за покривање на трошоци за добивање на дозволи за сеча на огревно дрво на 20 социјално најзагрозени семејства од село Дрен.

Потоа на 10 октомври и на 13 октомври 2017 година, пријавениот, на сметката на ЈП „Македонски шуми“ префрлил вкупно 110.000 денари за добивање дозволи за сеча на огревно дрво, а по преземени мерки, од страна на полициски службеници било утврдено и дека лицата за кои биле наменети паричните средства не се лица во социјален ризик. Со ова пријавениот го оштетил Буџетот на Општина Демир Капија за 110.000 денари, соопштуваат од МВР./A.Д

 

Поврзани вести

 

Најново