Варијацијата на температурата им го качува притисокот на кавадарчани
Големата температурна разлика помеѓу дневните и ноќните температури им создава здравствени потешкотии на кавадарчани, информираат од итната медицинска помош.
„Зголемен е бројот на пациенти кои бараат лекарска помош. Во вечерните часови имаме зголемен број на граѓани кои имаат покачен притисок.“ рече началникот на брза помош во Кавадарци д-р Антоан Паракеов.
Тој информира дека исто така во овој период кога има температурни варијации зголемен бил бројот на пациенти со цревни вирусни инфекции, дијареа и повраќање.
„Последната недела имавме повеќе повици за интервенции при сообраќајни незгоди. Иако не се работи за сообраќајки со тешко повредени возачи и патници, сепак бројот е значително зголемен“ нагласува д-р Паракеов.
Исто така загрижува и појавата на повредени деца кои управуваат мотори, вели началникот на брзата помош во Кавадарци и апелира до родителите да покажат поголемо внимание кон своите деца. И од полицијата се жалат дека со затоплување на времето улиците се преполни со мопеди кои ги управуваат деца кои немаат положено./ А.Д