Пролетно обновување на сообраќајната сигнализација
Со цел поголема безбедност во сообраќајот од денеска во Кавадарци се започна со обновување на хоризонталната сообраќајна сигнализација.
Фирмата „Виа Сигнал“ започна со редовновното обновување на бојата на хоризонталната сообраќајна сигнализација на улиците и локалните патни правци во општина Кавадарци.
Поради минатогодишната реакција и укажувањето од страна на Општината до економскиот оператор „Електро Елемент“ од Скопје кој ја испорача неквалитетната боја, овојпат вкупната количина на боја како и ангажирањето на фирмата изведувач е на нивен трошок, информираа од локалната самоуправа.
Ќе биде обновена сигнализацијата на вкупна површина од 4000м2 бојата на пешачките премини, такси и автобуските стојалишта, а ќе се интервенира и на надолжните линии и стрелките за покажување на правец на движење на улиците во градот како и на локалните патни правци. За таа намена ќе бидат потрошени 2800 килограми боја./A.Д