Променливото време создава здравствени проблеми
Стомачниот вирус во континуитет е присутен меѓу кавадарчани, информираат од итната медицинска помош. Наместо во одредени периоди од годината, пациенти кои се нападнати од стомачниот вирус, со проливи и повраќање постојано барале лекарска помош.
Промената на времето е исто така голем проблем за кавадарчани. Како што рече началникот на брза помош во Кавадарци, д-р Антоан Паракеов честите и нагли промени на времето биле причина за колапси.
„Ако летото и високите теператури беа причина за колабирање, сега и септември покажува дека колапси сеуште има.Граѓаните се жалат, многу од нив итно бараат помош, но најчесто се интервенира кај хронично болните и пациенти над 50 годишна возраст“ рече д-р Паракеов.
Тој информира дека пациентите најмногу се жалеле на главоболка и малаксаност. Зголемен бил бројот на колапсите и тоа најчесто кај пациенти над 50 годишна возраст. Лекарите советуваат, хронично болните мора редовно да ја примаат пропишаната терапија. Најчесто времето прави разлики и во крвниот притисок, кој овој период бележи покачување.
„Во итната медицинска служба работа има секогаш. Периодот се зголемени како повиците на 194 така и интервенциите, но службата секогаш успева да одговори на потребите и професионално да ја заврши својата работа“ нагласува началникот на кавадаречката брза помош.
A.Д