После педесетина години се слушна повторно црковното ѕвоно во кавадаречко Брушани
Објавено на 8 мај, 2017 во 14:18
За прв пат после педесет години вчера се слушна црковното ѕвоно во селото Брушани. Таму вчера се случи осветувањето на ѕвоното и истото беше поставено на камбанаријата. Ѕвоното е донација на Блашко и Дивна Темови со семејството.
Жителите на Брушани, село кое пред педесетина години е потопено поради изградбата на вештачката акомулација Тиквешко Езеро, на 2 март 2013 година ги поставија темелите на црквата Света Недела. Изградбата напредуваше мошне брзо. Иконостасот е целосно завршен, а од управата на црквата најавуваат дека во текот на летото истата ќе биде осветена.
Овој духовен храм одбележува слава на христијанскиот празник Света Недела, што се слави секоја година на 20 јули./A.Д