ВМРО-ДПМНЕ: Сплотени сме повеќе од било кога
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци, Митко Јанчев и носителот на советничката листа Горица Пеливанова-Вилхелм денеска на прес конференција ги демантираа шпекулациите кои се појавија низ кавадаречката чаршија за наводен раскол во општинскиот комитет во Кавадарци.
„Само неколку дена пред изборите СДС се во очајна ситуација. Исплашени од позитивната атмосфера која е на наша страна, тие се во состојба да измислуваат приказни кои немаат никаква основа. ВМРО-ДПМНЕ во целост е фокусирана на позитивна и успешна кампања. Ние работиме и се обидуваме да оставиме белег за успех и тимско работење. Нека им биде јасно на СДС ние водиме позитивна кампања и нашето време го трошиме за продуктивна работа. Наводните шпекулации дека јас, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник и иден градоначалник, сум дал поддршка на листата на Ристо Сакалиев се целосно неточни и истите ги демантирам“ рече Јанчев и нагласи дека со целото членство на ВМРО-ДПМНЕ имале одлична соработка.
Претседателката на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Горица Пеливанова-Вилхелм и носител на советничката листа нагласи дека таквите шпекулации биле пуштени од поединци за да ја минираат убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ која требало да се случи на 15 октомври.
„Еве стоиме пред вас и најодговорно тврдиме дека партијата никогаш не била посплотена. Нема да дозволиме некои структури, поединци или мали советнички листи да го минираат резултатот и убедливата победа која ни претстои. Давањето поддршка за листата на Ристо Саклиев е еднакво на давање глас за СДСМ или одење сам против себе“ рече Пеливанова- Вилхелм.
Таа изнесе обвинувања на адреса на Сакалиев, дека 8 години добивал тендери од општината само поради неговиот глас во советот./A.Д
.