Китев: Ќе изградиме пумпна станица за да се наводнуваат лозјата во Бегниште, Ресава и Дабниште
Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Кавадарци, Бетиане Китев на денешната прес конференција вети изградба на пумпна станица која ќе обезбедува вода за наводнување на земјоделските површини од нај лозарскиот дел во Тиквешијата, селата Бегниште, Ресава и Дабниште.
„Трет изборен циклус даваме ветување, а сега како иден градоначалник заедно со владата ќе изградиме и инсталираме пумпна станица која ќе црпи вода од Тиквешко Езеро и ќе се наводнуваат земјоделските површини. Од формирањето на Тиквешкотро Езеро, населението од овој крај е без можност за наводнување. Идејата за пумпна станица е стара, но до ден денес од непознати причини е нереализирана. Еден крак од пумпната станица ќе се насочи кон високите површини на Возарци и Дреново,. Ова е значаен проект кој го нудиме за граѓаните“ налгаси Китев.
Тој додаде дека дополнителен благодет ќе имале сопствениците на викендици на Тиквешкото Езеро со тоа што ќе добијат технолошка вода./А.Д