Тони Делков од денеска нов градоначалник на Неготино
И официјално победникот во првиот круг на локалните избори од денеска е нов градоначалник на општина Неготино. Денеска претхониот градоначалник Ванчо Апостолов му ја предаде функцијата на неговиот наследник Тони Делков од СДСМ.
По краткиот разговор, досегашниот градоначалник Апостолов на актуелниот Делков му го честиташе изборот за прв човек на општина Неготино посакувајќи му успех во работењето во наредниот период и реализација на проекти од интерес на граѓаните, а се заблагодари и на соработката со администрацијата, Советот и граѓаните во изминатите 4 години.
Делков нагласи дека му било чест што ја презема градоначалничката функција која за него значи обврска, а не привилегија, додадавајќи дека ќе вложи максимални напори како градоначалник да се реализираат проектите од програмата со која настапи на изборите,
„Неготино да се движи напред и да се врати стариот сјај на нашиот град“ рече Делков и потенцира дека секое дадено ветување во мандатот од четири години ќе биде реализирано./А.Д