Полицијата ги советуваше постарите како да се заштитат од џебни кражби
Кавадаречката полиција денеска ги едуцираше повозрасните граѓани како да се заштитат од џебни кражби. Превентивната акција беше спроведена во централното градско подрачје од отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со кавадаречката полиција.
„Целна група ни се токму постарите лица, велат инспекторите за превенција, бидејќи тие се најчесто мета на криминалците. Поделени токму на оваа категоријата граѓани денеска беа околу стотина флаери со превентивни препораки.Внимавајте на својот паричник и обезбедете го добро кога сте на улица и надвор од својот дом. Бидете повеќе внимателни на луѓето околу вас кога сте во пошта, банка или подигате готовина од банкомат.Кога ја земате вашата пензија, доколку сте болни или тешко се движите повикајте со вас друг повозрасен член навашето потесно семејство кој ќе ви помогне“ рече инспекторот за превенција Димитар Каракулев.
Во едукативните флаери постарите лица се советуваат да не разговараат со непознато лице, посебно ако се претставува како роднина и бара пари на заем, за купување лекарства или за лекување.
„Ако забележите дека некој ви го украл паричникот , доколку сте во можност запаметете го неговиот изглед, возраст, облека, правец на движење и веднаш пријавете го во полициска станица или повикајте 192“ . Ова се дел од превентивните пораки кои преку едукативен материјал денес ги добија постарите лица. Акцијата беше реализирана во периодот од 9 до 11 часот“ пишува во флаерите кои се поделија помеѓу кавадарчани./А.Д