Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Вработените во Фени индустри денеска на мирен протест во кругот на фабриката го искажаа своето незадоволство од состојбите во кој се наоѓа комбинатот.

Додека работниците разговараа пристигна и стечајниот управник Мирослав Анастасиевски. Вработените неговото доаѓање го пречекаа со свирежи и половина час не му дозволија влез во службените простории.  Потоа стечајниот управник заедно со директорот на комбинатот, Никола Ризов се упатија кон служебната зграда.

Престедателот на синдикатот Ѓоре Палитов е дециден дека стечај нема да дозволат. Во изјавата за КТВ упати апел до премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев да се вклучат во решавањето на проблемите во Фени.

„Работниците во Фени се крајно револтирани од состојбата во Фени. Утре имаме најавено проетест протест пред филијалите на банките кои го покренаа овој стечај. Апелираме до премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев да не примат на разговор и се надеваме дека ветувањата ќе се реализираат“ рече Палитов.

Според информациите на првиот синдикалец, денешното присуство на стечајниот управник било со цел да утврди од документацијата дали Фени може да продолжи да работи.

„Останува ЕНЕКОД како главен инвеститор. Имаме барање до Кунико, главниот газда на Фени да овозможи двете комапнии кои се заинтересирани да ги достават своите понуди“ рече Палитов и додаде дека на вработените воопшто не им е важно кој ќе биде сопственик, туку дека им е најважно комбинатот да продолжи со работа. Вработените ги добиле платите и се надеваат дека проблемите наскоро ќе се надминат и ќе им биде исплатена и платата за октомври.

Aнгел Данов

Поврзани вести

 

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Mагационер
Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство
  • Возачка дозвола „В“ - категорија
  • Познавање на англиски јазик и поседување на сертификат за управување со виљушкар ќе се смета за предност
  • Вработувањето е на определено време, со можност за трансформација на неопределено време.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес с. Долно Оризари бб, Велес 1400 задолжително со назнака за Магационер, најдоцна до 15/11/2017 година.

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/11/2017 година.

Најново