Повредени двајца работници на кавадаречки „ИГМ“ на работно место
При извршување на редовни работни активности поврзани со отстранување на дефект во фабриката „ИГМ Трејд“ во Кавадарци, вчера околу 10 и 30 часот, повредени се двајца работници.
Четириесет и две годишниот Г.С и четириесет годишниот М.М, вработени во фабриката, повредите ги здобиле додека биле качени на изработена корпа подигната од вилушкар која во моментот на спуштањет се заглавила. Двајцата работници паднале од висина од околу 1,5 метри. Еден од нив се здобил со тешки телесни повреди, а вториот со полесни телесни повреди.
Работниците веднаш биле транспортирани во Општа болница во Кавадарци каде се задржани на лекување.
Увид на местото на настанот извршла екипа од полициската станица од општа надлежност. Инспекција направиле и инспекторите на подтрачното одделение на Трудовиот инспекторат во Кавадарци./У.Ј